Новости

Забава

Ентериери во темни бои за оние со малку поинаков вкус

Постојано зборуваме за енетриери и станови во различни свежи и силни бои. Или пак, понекогаш ја експонираме и само белата боја која често ја комбинираме со други светли бои.

И се е тоа во име на пролет, во име на нешто што се буди, на нешто што започнува да живее. Но, ако ја гледаме приказната од друг аспект, би го споменале и префинетиот вкус кој го овозможуваат темните бои. Тие ги избегнуваат токму овие стереотипи и му даваат некоја мистичност на просторот.

Истовремено вака уредениот простор на домот ќе направи да делувате богати и моќни. Темните бои, во современите пристапи, најчесто ги користат мажите кои живеат сами или оние амбициозните сингл момци со префинет вкус, но и оние кои сакаат да ја нагласат токму таа моќ.

Без разлика на чувството и приказната што ни ја пренесува темната боја за ентериерот, убава е промената. Но, внимавајте да не ви здосади. Сепак, ако се случи тоа, за да му дадете ведрина на просторот, пробајте да комбинирате со други детали во светли и интензивни бои кои ќе го отворат просторот или оставете им простор на големите прозорци да ја завршат таа работа.

Еве неколку идеи за оние кои цврсто се уверени дека го сакаат својот ентериер токму во овие темни бои.

Евротип
SNBROKER
To Top