Новости

Забава

Светски познатиот артист Tyga на 22 јуни настапува во Скопје

Светски познатиот артист Tyga, како дел од својата светска турнеја летово ќе настапи и во Скопје, на овогодинешното издание на Fusion Festival.

Покрај главниот настап на Tyga, на овој фестивал ќе настапат и македонските хипхоп и трап артисти Irie Scratch, DJ Shorty P и Young Daddy. Фестивалот со свој диџеј сет ќе го затвори Ampov.

„Огромна е честа и задоволството да се биде на иста сцена со дефинитивно еден од најголемите и најактуелни светки мега ѕвезди. Од почетокот на мојата кариера песните на Tyga се задолжителен дел од мојот сет, како еден од пионерите на современата хипхоп и трап музика со безброј хитови и награди“, истакна артистот Irie Scratch на денешната прес-конференција каде беше најавен фестивалот.

Fusion Festival ќе се одржи на 22 јуни, среда, на Стадионот на АРМ.

Евротип
SNBROKER
To Top