Новости

Забава

25 години Нокаут, јубилеен концерт во Голд Фелициа – Битола

25 години од основањето на популарната македонска група Нокаут, 25 години македонска музика. Овој јубилеј ќе го одбележат со концертна турнеја низ Македонија, а на 2 јуни доаѓаат во Голд Фелициа во Битола, каде ќе одржат концерт.

Од Голд Фелициа повикуваат да ги следите на нивните социјални мрежи

 

ФБ – https://www.facebook.com/GoldFeliciaBitola

Инстаграм – https://www.instagram.com/gold_felicia_/

 

Резервациите направете ги преку телефонскиот број 075 316 974.

 

Нокаут е музичка група од Скопје, Македонија, формирана во 1997 година, а реоформена во 2006 година. Основач на бендот е Никола Перевски – Пере кој со поддршка на Дарко Димитров и покана на Кирил Колемишевски (втор вокал) и Ацо Богдановски (перкусии) и Владимир Крстевски – Франц го формираа првиот состав на „Нокаут“.

 

По неколку години пауза (2003-2006) Нокаут повторно се активирале во проширен и изменет состав. Покрај Франц и Пере влегуваат и членовите Благоја Антовски (тапани), Горјан Петровски (гитара), Бојан Перевски (перкусии), Борче Кузмановски (клавијатура), Виктор Николовски (бас гитара) и Луај Реџепов (гитара).

 

Не пропуштајте и бидете дел од моментите кои вредат злато!

Евротип
SNBROKER
To Top