Новости

Забава

57 – годишната модна креаторка од Прилеп си го исполни својот сон во „Никогаш не е доцна“

Во последната емисија на регионалното шоу „Никогаш не е доцна“ настапуваше и 57 годишната Соња Муличкоска од Прилеп.

Соња важи за многу позитивна и насмеана личност секогаш со полна енергија.

Таа завршила за моден креатор, а отсекогаш сакала да се занимава со музика. Овој пат таа својот сон си го исполни во регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“.

Таа во музичкото шоу настапи со песната „Ја те пјесмом зовем“ од Ханка Палдум, а на сцената се појави во креација која самата си ја направила.

Соња од жирито доби само пофални зборови за нејзината изведба, а Милица ја пофали и дека одлично изгледа.

Потоа, Соња заедно на сцената запеа и со нејзината ќерка и во дует ја отпејаа песната „Шеќерна“.

Додека двете Македонки растураа на сцената, сите прустни во студиото играа и се веселеа.

Целиот настап може да го погледнете подолу на 1:04

GOLD
To Top