Новости

Битолски трачарлуци

ЉуЃе пимпирлии!

Има и такви шо си одат по некои нивни замислени правила, прописи, али има и такви шо стварно не се поднесват со нивниот терсене т.н. „Пимпирлија“ табиет. Чкарт табиет. Да ти е страв да му одиш на гости кај ваквите луѓе. Се му е постелено со чаршафи најлони, столиците и фотељите за нови си ги чуват и за гости ко ќе му дојдат ги кријат, да не му се извалкат. Чевлите ако не си ги слечиш пред врата, ти им си најголемиот непријател, а ако ти падни трошка дури го јадиш благото во совршено чистиот кристал, муабетО заврши и се гледа на сатО цело време, оти те чекат аман шо побрзо да си одиш.

Абре ко за малер, пошо марфи ради, кај ваквите луѓе, ќе се сопниш, ќе турниш нешто, ќе скршиш, ќе истуриш. И појќе ич нема ни во најлудиот сон да ти текни да му одиш на гости. Јаки се ваквите луѓе, оти си имат посебен распоред и ако му се смешаш во него, па да испадни работтата атхок да треба да излезите, им го буниш цел нивни ритам. Им ја нарушуваш пријатната зона.

За нив, спонтаноста е најголемиот непријател и нив им требаат некој три, четири саати дури да се спремат, а за тие да се реализирани, ќе треба ден – два – три, уназад да им се закажиш, да им договориш состанок, за тие да се спремни на време, пицикато, стросани. Нивното излегување е измерено точно и прецизно и ни под разно тие не смеат и не сакаат да се задржат повеќе од планираното.

Пимпирлиите те судат и кудат, а ако ти не си дел од нивниот свет, не си ни препорачан! Ако сте и вие некој претставник на оваа „special selection“, сочуство, но размислете колку тоа само пропуштате поради вашата панична претпазливост!

GOLD
To Top