Новости

Битолски трачарлуци

Џабе фустаните, скапиот накит и парфемите! Фацата и телото ве издава!

…Напишала ,,prom night” и стандардно како и секоја година се клала во најскапиО матурски фустан за кој мама и тате се потрудиле и дале ѓаол и пол кркачи и покрај ниската финансиска завидна ситуација. Али како за бате оломнани, така и за цеце. Како за цеце, така и за мене. Епа трето дете шо мислевте ко праевте?! Удрете сега, држете се и арчете. Оти тоа дете сака сколија, сака имиџ, стил, кариера, брич мајчин за дечко и џек пот од милион евра на нејзино име како наследство од ваша страна! Не бе не се ич разгалени! Се појќе лудило! Се појќе штркО го љуфка колосекот, ама изглеа сега почнал да се информира па скршнува од оваа адреса. Нашминкани, дотерани..со пердуи..со вакви и такви модели дирекно инспирирани од ,,парадите” на црвените теписи низ Холивуд, Кан и слично! Ало џабе ви е матуфанти! Фацата и телото ве издава! На една фотка одма се гледа кој тоа бил главен во клас..самодовербата..амбицијата…Одма се чактисва кој тоа ,,дебело” ќе се снајди. Веднаш се гледа и скромноста и приземјеноста од друга страна или пак онаа класична тиин оттурнатост и кој тоа бил аутсајдерО и затуцО во средно. Хај скул е ова не е играчка! Ни сте учеле, ни ветришта! Сите си знаеме на шо тоа ред ни е образованието. Колку стручни лица излегуваат од навидум некои ,,стручни” припрдми за специјални кадри. Сите сме свесни и стануваме свесни за квазиинтелегентните кои се на добар пат до она шо се вика далеку од наука и талент. Сите знаеме колку е сатО и колку тоа нашите деца учеле, се школовале или тоа е тоа..научиле барем да се снаоѓаат и препишуваат. Ќе им треба за на факултет каде пак тате и мама ќе треба да обават некои трснсакции за арното на нашата земја која константно вади нови кадри…во фустани…во пердуи..во сарми на глата и кристални обетки! Не е важна граматиката! Воопшто не е важна писменоста! Важна е Кардашијан шо од далеку станала воодушевена штом ги видела облините истакнати во уште една провокативна не баш писмена генерација во нашава испомешана хаотична ситуација!

GOLD
To Top