Новости

Битолски трачарлуци

Ами синкир нив поарно му е!

Стално најлесно ни е да речиме: „Ами синкир нив поарно му е!“ То ти е исто ко:„Ај ние, ами шо да речат тие од Африка“.

Ко ќе размисли чоек, стално е така полесно, да си најш некоја најниска споредбена нишка, да се компарираш со Африка и одма полесно ќе ти биди. Така ја победваме немаштијата ние тука. Штом пиеме вода, моментално ни текнува на тие од Африка оти немат за пиење. Штом јадиме, си велиме:„Ќути чим уште можиме да голтаме!“ Оти се научивме да голтаме и подголтнуваме, ќути си поќути си и нурни ја глата. Арно уште неаме забораено да дишиме оти гале гале некои квази интелегенции и то ќе го менат во системО. Правило бе правило. Не диши ќе ти речат и то е.

Не знајме како ви е вам, али ние си разработивме една тактика за преживување, а не живеење. Е сеа ќе жабуркаш, ќе стискаш заби, али психата ние, така овде си ја раниме. Одма се споредваме со комшијата оти тој уште помалку плата зема од нас или на Петранка мажО шо има триста долгој, или на Мица внук му шо оди в казино и со неестата уше станО го отплаќат на банка. Кредити, кредити, кредити… Ехеее…

Ќути нас поарно ни е. Споредбата со нешто полошо е ногу уба тактика за да ти остани тро умО ко шо треба и се вика:„Ако ни е така полесно!“ А дали ни е полесно, и дали се куртулваме од нешто или бегаме од истото, ќе си кажи сатО кој е должен да го чукни моментО ко ќе појќе нема ни да жабуркаме и преживуваме, а камоли да живејме.

Evrotip
Евротип
To Top