Новости

Битолски трачарлуци

Ах та Германија!

Уште од најмали години сваќаш дека не е светО баш пријатно местенце за живеење нарочито од ко ќе ја слушниш правосмукалката на комшивката во недела од сабасаба. Не ти е баш пријатно, се тегниш, ти се спие уште, а ваму, воениО авион не застанва со бучење! Уше од мал сваќаш оти тука на Балкану, жената дури е девојка можи да глуми триста лудила, да се прај модна икона, трендсетерка, блогерка …и сите да ја гледАт како кизнеј какви научни трудови да има изваено. Али уше од мал сваќаш оти та истата ко ќе се клај на социјалниве мрежи сo муабетО:,,She sad yes”, се претвора во онаа првата глупА домачица шо мора да ја продолжи лозата со воениО авион во Недела наутро. Уше од мал сваќаш дека политиката е страшна ствар шо го дрма светО. Дека знае да ти прошета гола и да ти се испика в кревет и око да не и трепни, а ти благодарение на неа си имаш фала Богу редовно сексуални односи. Во умот. Се осеќаш екстравагантно шом пиеш кафе со тие гореопишани луѓе. Ин си. Тренди човече, па ако поделиш уште некое флаерче во име нивно и за нивна промоција на што ли и да работат, ти имаш шанси и за чистач на клозетО до извесната најблиска фотеља. Уше од мал сваќаш дека џогерО во Германија му е мајката и дека за та плата таму и чочег ќе му заиграш него, али капираш оти и ќе сакаш да се вратиш и јако да се исфалиш дури го миеш пред куќа ферарито со шмркО. Уше од мал сваќаш оти си македонАц и нема бегање од некои навики. Трачот ти е најпримамлив. Изгоре да дознајш за на комшивката швалерО и од кај толку пари тие. И секогаш, секогаш знаеш оти имаш еден жирант зад тебе на кој се потпираш и едно чоече на кој му борчиш. Ти си жирант и ти борчат и сметките ти се скапи.. на пошта ред си чекаш…бензинот…Ахх та Германија…

GOLD
To Top