Новости

Битолски трачарлуци

Ај да си се пожалиме!

… И како да си имаме некоја навика да си се жалиме за се. Најпојќе да се жалиме за убото! Низ најнајубајО период да врви чоек, пак ќе си најди рачка за да си се пожали и нешто да не му штима работата.

Зошто е тоа така и каде, па и од каде сме погрешиле или сме почнале да грешиме?!

Изгледа од толку безвеза малер работи и дешавки шо ни се дешавале (а за нив па глупО е и да не се пожали чоек), сме си стекнале извесна навика па дури и во шлагот знаеме да опцуеме. ,,Бооо колку е убо у …!” Дали тоа е онака дури и како изречица и не ја тантелиме Ногу, па си тераме даље?

Се жалиме за бракот иако сме завршиле со оние партнери со кои сме сакале да бидеме. Смислуваме вицој за животот во брак, за дилемата и вечната расправија на односот на маж и жена. Се шегуваме и си плукаме на наша сметка и ги кудиме роднините, колегите, работата. Иако никој ништо нит ни згрешил, нит ќе згреши. Навика! Стално нешто не ни штима и ни фали. Мажите се стално разочарани од жените и како по навика да очекуваат од нив да кукаат, иако баш нвните се икслучоци, а пак овие кукачките…. Жените на пример во бременост, стално се разочарани од тоа „друго стање“, не се поднесуваат и се жалат и не го поднесуваат цел тој мајчински процес. Само кукаат, лаат, раскажуваат хорор најхорор приказни и секогаш ама секогаш се ненаспани и им е тешко, али и покрај тоа, секогаш сакаат уште еднаш да затруднат и да раѓаат. Зошто ако не им е убаво како што велат?! Или можда им е убаво, ама по навика велат дека не им е.

Овде „не“, значи „да“ и „да“ значи „не“. Овде работите имаат обратен ефект и обратен правец и сите треба да се сватат некако метафорично и да се дешифрираат. Па иако си ги слушнал оти сс жалат и кукаат, тие пак ќе ја прВат одново и одново истата постапка и ќе си терат иста една процедура. Овде мкжеш да сретнеш двајца пијаници кои се жалат за џигерО од алкохолот, а дури го прават муабетО, можат да пијат. Овде можи таксист со 200 да те вози и да ти збора за пешаците оти не внимаваат и другите брзаат. Овде се можи да се слушни, а најпојќе куклавичлук и жалење од кое очигледно не произлегува ама баш никаков заклучок.

GOLD
To Top