Новости

Битолски трачарлуци

Ај пули си работа!

Време е да го прекините споделвањето на вашите искуства. Било дали биле лоши или добри. Несвесно, преминувате во споделување на секакви микс емоции, дали ќе направите некого љубоморен или можеби тоа ви е целта, или дали ќе уплашите некого, ама воопшто не ни внимавате! Емотивната интелегенција ниска, а бонтонот такуѓере!

Не значи дека нештата шо ни се дешават нас, треба да му се дешават на цел свет! Или… „како то не ти се има десено! “ Значи не! Прекинете со такви коментари ифрлање на зарО и споделвање на вашиот стрес со други. Не мора да начи дека мора цел свет да биди уплашен или да застани и за момент да ја осети вашата болка! Да ви биди треба полесно? Така ви е послено? Не разбирам! Не сваќам и стварно е нелогичен муабетО да си изгорен другите да патат оти ти патиш. Е то е  бате длабока фрустрација и етапа од животО во која можи салам да заглави чоек па сетнее… и нема баш некое големо враќање во нормала. Nema big come beck! Има само нуркање во една сопствена депрсија која недозволувате да е сопствена туку ги нурнувате и другите. Ако вам ви е лагодно, во дупката на лавО, на некои и не им е баш пријатно!

Ако сте вие атеист, не треба да значи дека и другиот треба да биде како вас. Ако вие сте за една партија, не го наметнувајте мислењето дека вашето уверување е вистинското. Ако вас ве болел заб на забар, не значи дека и другиот ќе го боли. Ако сте мајка и ако тешко сте ја поминале трудночата, не значи оти сите се баш такви мамички.. Прекинете да наметнувате мислење и да убедувате некој да размислува исто и да го боли како вас. На сите ни е кројката различна. Прагот на толеранција на болка кај сите е поинаков. По тоа и се разликуваме. И убаво е да си се разликуваме инаку како тоа ќе постојат шеги, систем, политики, десници, левици, а апро по, како тоа ќе постои извесна деократија, право на мислење, глас, став. Со еден збор, дај бе олабајте и пулете си сите своја работа! Нашата манџа нема потреба од додатни сосови, пикантни глупости, зачини и да… Доволно е солена!

GOLD
To Top