Новости

Битолски трачарлуци

ВозО ќе замини, ако не побрзаме!

Уше од мали не прашваја шо сакаме да бидиме ко ќе порасниме. Денес па, ние уште се прашваме, или знаЈме ама немаме некоја силна воља. Имавме толку време за мислење и посакување, верувавме во бајки и чекавме. И ко дојде ден да загризиме јако и да си оствариме она шо ни е ќеф на душичката, велиме оти не зафркна општеството, системО. Не оти не е така, ама се ми се чини оти и малку се потрудивме. Ние уште чекаме. Во та измислена поплава и попара на умО, Господ сто кајчиња ни пушти за да се спасиме, ама ние уште чекаме нови..и чекаме и чекаме..Се дури не се удајме. Од друга страна, не брзаме за она шо го посакуваме, ами за други работи. Нон стоп сме во трка со времето. Брзаме да платиме сметки, брзаме за на работа шо ја нејќиме, брзаме да му се оправдаме на шефО и во моментО да ни текни лага, брзаме да издајме тајна на пријатели, брзаме да донесеме одлуки за случајни минувачи на Корзо.. Брзаме да ги етикетираме. Брзаме со кафето од на нога, брзаме да фатиме ред по шалтери рано рано, брзаме да извајме пасоши и да избегаме. Без идентитет без нас. Кизнеј кај брзаме, а возО за то место шо го сакаме, ќе замини и еден ден..еден ден ќе сфатиме оти сме трчале во погрешен правец!

GOLD
To Top