Новости

Битолски трачарлуци

Во Битола срамота е да…

А во меѓувреме… кај нас е срамота да сакаш, да бидиш културен, да кажиш ,,Добар ден” на чоек шо не го знајш, а тој ти зборнал. Срамота е да си сиромашен, срамота е да викниш гости, а да не му напрајш софриште ко последно да ви е.

Срамота е да платиш со железни пари в кафич, срамота е да излезиш со броени пари и да порачаш ефтина пијачка. Срамота е да се возиш со автобус и со петнаЈска за нагоре.

Срамота е да работиш работа шо е чесна и срамота е да не крадиш. Срамота е да одиш во Германија оти тука си голтар и срамота е таму да работиш чистач. Срамота пак е тука да се вратиш и да го работиш истото, па да те знат Љуѓето оти ќе ти прат мајтап. Срамота е.

Тука е срамота да не јадиш пуканќи на кино и да не пЉукаш на сегде околу тебе и баш да ти е гајле оти си прегласен дури џвакаш и му сметаш на другите околу тебе, а срамота е и да ти е гајле оти некој чисти после тебе. Ич не е срамота да не те боли глата за ништо.

Срамота е да не оговараш и да си исклучен од светО околу тебе и срамота е да не го знајш швалерО на Фиљанпишман жена му. Срамота е да имаш ефтина кола. Не е срамота да имаш скапа кола, а да живејш в гаража. Срамота е да не ги подмитиш докторите за да ти се понашат ко шо треба и да не те по..ат ,,на грешка”!

Срамота е да не напрај жената ручек и да не е пет подолу од мажО. Тука е срамота да не напрајш свадба во најголема сала и да не ги викниш роднините од трето колено шо никоАш не си ги видел.

Срамота е да не клајш слика од на свадба, па да не се пофалиш во шо си облечен. Срамота е да одиш на вежбање, а да не напрајш селфи со тегојте и аутфитот. Срамота е да одиш еднаш во Париз или Милано и да не напрајш четириЕсе слики, а едвај да клајш две три на стори па после да не раскажваш колку е јако таму, дури ти уствари се потсеќаш од сликите кај си бил. Срамота е да не клајш слика од ручекО со фамилијата в ресторан и да не кажиш колку ви е јако, иако се борите со децата оти џумбус прат низ маси и глата шашрдисана ви е!

Срамота е да не му се ,,лигајш” на шефО и ко ќе дој Трудова инспекција да не го правдаш газдата, иако на рака му враќаш дел од платата шо уствари ти стига на твојата сметка. Срамота е да му исклучиш и да не ги ги удајш тие од по шалтери оти притисокО двеста ти го креват со нивната неукост и кафе паузи. Не е срамота да се бунтоваш без причина и да се дериш.

Срамота е да не земиш за кучето шо го немаш, нешто спаковано од меана за дома. Срамота е да не си стросан по најнова мода на Широк Сокак во Сабота денски или на вечер, а најсрамота е ако си стросан и дотеран во бош ден, ко Среда (ден заметак) на пример. Срамота е да си рокер или да слушаш џез, а да не си кремац и да не слушаш тежок турбо фолк, па да не влезиш во системО ,,ко шо го личи” до пет сабаје ќор!

Срамота е да пишиш поезија особено ако си машко Срамота е да си хуман и да му даваш на питачите пари оти лажат сите, иако тие појќе пари држат од тебе, ама срамота е да си ќутиш и да не му речиш:,,Бегај бе ајде не досадвај. Аман колку ве има!”

Срамота е да имаш свое мислење, партиска опредеба или неопределба. Срамота е да немаш партиска книшка, срамота е да имаш став и стил. Срамота е да се маскираш на први Април, а да не се маскираш секој ден ко за на денО на вештерките! Срамота е да немаш паметен телефон.

Срамота е да си учен и срамота е да немаш сколија никаква, а да не го излажираш Сивито најпојќе шо можиш. Срамота е да не знајш да се снајдиш и да украдиш. А најсрамота е да не си Голич кабадаја и да не лажиш пари. Ако две по пет немаш во ЏебО!

GOLD
To Top