Новости

Битолски трачарлуци

Време на безредие, на гастрбајтери, на вибер и поздрави по „гулаби“!

Дерман да се немало од политичари! Дерман да се немало од трговци и за крај дерман од модни блогери и блогерки! Живејме во едно толку измодернизирано општество кај шо на чупите животна желба му е да има најјаки муциња испрчени на инста и најпојќе лајкој на фејсбук. Време кај шо политикиата и в спална ни се испикала и политичарите до толку станале провокаттори што не натераа и нас да им се осојузиме и да станеме ко нив, да не речиме лажговци. Али Таа пак со муцињата испрчени на слика ќе ти дреми. Онака лабаво. Скролаш скролаш, политика, политика Оп муциња, скролаш политика, оп муциња, И така цело време. едни се караат за истата тема веќе време уназад и пред технологијата, а едни не знаат и не ги интересира кај се. И што е подобро? Тако је лепо бити глуп или тако је лепо бити нервозен и скрос на скрос инволвиран во системот и лудилото до степен на рака апој пред спиење за притисако?! Хм… дискутабилно!

Време на многу п…здарии, лаги, камуфлирања… Тешко на оние со пет минути сколија со се одмор, ама тешко и на оние па со сколија. Оти прај го есапО, појќе му се исплаќа на првиве. Тешко на оние шо лажат, ама боље им е од оние шо не умеат етички да ти ја извртат вистината и реалноста да ти ја шитнат како ситен кусур од ниските и лажни пријателства.

Време на безредие, на гастрбајтери, на вибер и поздрави по гулаби. Сеа да беше времето на писмоносците, да немаше социјални виртуелни мрежи, крилјата ќе паднеа од носење писма на гулабО. Трце врце до Геманија писмо до другарчето гулабо да носи на плеќи. Трце врце до Шпанија, Америка и кизнеј која друга туѓина пуста да остане. Оти нашата си чини. (Ако и таа стана туѓ(а)(ина) Што е и дали е се уште „наше“, ако никој кој си го сакал и љубел не останал во него.

Последнио вода да пушти, рековме, да ја изгасни струјата и сепак да пази да не го остај бољеро прикЉучен на скапата. Оти колку и да печалиш, ко ќе се вратиш ко ќе ја видиш стрелката ко шо врти кај нас… ќе да гулабо толку не лета батка! Мама миа!

GOLD
To Top