Новости

Битолски трачарлуци

Предновогодишно лицемерие по меани

Охо хо хо… Колку и да сакаме да не хејтаме, мора да бидиме и малку брутално искрени. А веќе ако стремиме кон бруталната реалност, да си кажиме ко шо е, вреие од предновогодишно лицемерие по меани.

Пак со тие тимојте кои победуваат, тимовите од соништата, колегите собрани од работа. Тие очи нејќат да си видат, се думат секој ден како посилно да си закачат нож во грбот, се оговарат на велико, си љубомоат на успесите и упорно си клават сопќи, а на секои добивки наместо да поддржуваат, тие зијан прат и кодошат.

Предновогодишен собир на кодошите. На оние кои до толку се мразат, си љубоморат, не се поднесват. Али ги гледаш седнале загрлени по маси и пијачката ги ујдисва заедно. Има и такви кои одбиваат средби ако не му иди чоекО. (Чоеко е интерното лице, првиот кодош нумеро уно кој му се има најдено во обавувањето на професионалната далавера).

Али брао за рестораните и меаните. Сега му е бербата. Да пука играта со предновогодишни мениа и енормни цени. Среќна Нова година забушанти трачарски! И се надевам појако ќе одиме во другата! Само не си кажвајте вистинските желби наеднаш, чекајте барем да чукни дванајсе! Хо хо хо

 

GOLD
To Top