Новости

Битолски трачарлуци

ГрадО на конзулите или Лас Вегас во новогодишно руво!

Џикгл белс во душата. Празниц се ближат, парите се бришат. Кај и да е ќе се почни со редовните прашања:„Каде за Нова Година?“ Шашрдисани пуфлињата ќе акат од бутик в бутик и ќе барат совршена крисмас халина, за аутфитот да им биде феноменален и шо појќе мувачи да свртат вечерта. Да му се бројат. Околу празниците сите се сликаат, со рогојте на рудолф, со капата дедо ти Мраз, со него, без него, со деца, без деца, со срциња, смајлиња, пред елка, зад елка. А ти, страшно не можиш да го поднесиш то. Ти страшно се гушиш во оваа смешна парадоксална инвазија на некој глуп патетичен амерички филм кај шо се дешават крисмас мириклс и кај шо паѓат кисчиња под гранче имела, а тебе Богами и имела те фаќа. И дишат, смрдат, корнат. Тука е единственото место кај шо Дедо Мраз не смрди само ко ќе излези од оџакО, ами смрди на чадојни цело време.

Почнува патетиката и новогодишното лудило. Рекламите за каде тоа да ја поминеме најлудата ноќ. Никој нема, две по пет, али сега се трускат и арчат пари најмногу. Од непознати извори. Се празнат џебојте на велико. Се прат пијанки секој ден, ако не и секои втор ден и најголемата заблуда е дали да се облечи синиот или црвено – жолтиот „фустан“. Нити едниот нити другиот убо стои, а и не привлеква некој „смарт“ момчета т.н. убав спонзор инвеститор.

Велат од кладилниците сеа за сеа единствен ќар само пенкалата биле муфте шо ги дават, али секој ден уште пополни се. Од градО на конзулите, си дојде градоО на комарот. Лас Вегас во новогодишно руво! Не оти нешто менато е, ама да си го напрајме кафе трач муабетО ние. И дајте некој трач, одамна не се слуша ништо. Немаме за шо да си прајме муабет, вистина!

GOLD
To Top