Новости

Битолски трачарлуци

Градот на Конзулите

Битола. Градот на Конзулите. Бил, еднаш одамна.

Сега е градот на кичерај и турбофолк.

12:00, локација Епинал и спремни за кафенце и некој добар трач. И три саати се лигават со едно макијато.

Задолжително е да се носат мачкасти наочари, boho-indie аксесоари и чокери, мрежести хулахопки со висок струк, до половина на стомакот. И фармерчиња искинати.

Ноќниот живот – сеќавања на минатото. Кафичи и ноќни клубови кои живеат на стара слава. Хипиците се во подем. Зеле трип и сега сè им е јасно за животот, конечно се „просветлиле“. Ах, ескорт „дамите“. Ботокс, луксузни патувања, бунди, скап накит, слики насекое, на кои секогаш се САМИ.

“Елитата” најчесто излегува по кафани, каде има тезгарски бенд, кој претежно свири српско. Ракија и салата. Шопска.

Техно рејвови, на кои мора обавезно да имаш нешто земено. Без вода немој ни да одиш.

И за крај, билдерите, чиј идол е “The Rock”. Ајде да се пумпаме.

Единствено библиотеката функционира. Тоа е поради лични интереси, како сликање со книгата и кафето, покрај плажа или на тераса.

За општината нема потреба ни да се коментира, нивните дела докажуваат сè.

Донации на автобуси од времето на Тито.

Вандализмот растe се повеќе и повеќе, грабежи, пожари, кршење на објекти, клупи во парковите, кантите за ѓубре – чао пријатно.

Графитите иако се уметност, треба да ги има на одбрани места, односно ѕидови, за поврзување на различни личности преку заедничко хоби.

Прашањето ми е зошто? Зошто се претворивме во рамнодушни хипокрити, гледајќи само за себе, без разлика што или кој би биле колатерална штета.

Цитат : “Подобро ти, отколку јас”. Кој сфати, сфати.

Градот ни пропаѓа, а сите си тераат свои лични филмови, еквивалентни со вредноста на нивните материјални скапоцености. Кои се едначат со нула.

Автор: Кристина Ставревска

GOLD
To Top