Новости

Битолски трачарлуци

Да пукнат душманите!

Дали споделувањето на приватноста и она што се нарекува интимно, ги премина сите граници и луѓето спобудалеа во виртуелниов свет?

Дали има простор и место во нашите животи каде сме оставиле и може да оставиме нешто скриено и латентно. Нешто што само ние си го знаеме, нешто како слатка тајна која си ја знаеме само ние и нашите најблиски и убаво ни е. Али по се изглда тоа спокојно и мирно чуство кое од друга страна не прави луксузнуи и побогати поради фактот што и баш не споделуаме си и свашта, веќе одамна се изгубило и не постои.

Постојат многу дискусии и различни констатации, осудувања и критики за тоа што се се случува на социјаните мрежи и профилите. Некои се гордеат со фактот шо од ко ќе се мажат, верат, изнародат, пласираат цел албум од триста шеесе фотки на вид виделина на нивниот ѕид, а некои строго осудуваат. Ние, појќе не сме ни ваму ни таму. Колку сакаш негирај, системО те влечи. И ќе клајш некоја слика шо ќе ти напрај мерак и со која ќе сакаш ама буквално да се исфалиш. Ама сепак, како и да е, дали секогаш го годиме моментот и која е таа фотка со која навистина треба да се пофалиме и да го извајме кабадајлукот ашикере експониран?! Дали можда ја претеравме со токму тоа јавно покажување и пласирање на нашиот живот пред сите и која е кочницата? Дали ја заборајвме границата на она шо се вика приватност и колку таа треба да се чува?

Порано, велеа дека во друштво срцето се заклучува и клучот од него се става во џеб, а сега некако претенциозно тој истиот клуч се дева на сите. Како небаре да е на распродажба! Не е животот за распродажба и не секоја фотка е за споделување. Не мора да знаеме сите каде се наоѓате, што ви се случува во монетО и колку ви е јако! Али, по се изгледа си тераме по она нашето: „Море нека пукнат душманите!“

GOLD
To Top