Новости

Битолски трачарлуци

Денот на шегата во костим од тоалетна хартија мај ДИАРС!

Е  за оваа година…нова идеја! Ај бе Љуѓе, баш првоаприлски да се пошегуваме па да се маскираме во нас некогаш… Ајде сега ко за промена, за едно мајтапче жени, испонашминкајте му се дома на мажиштата, дотерајте се, пудрирајте се, слечете И пижамите и проверете до кај се фармерките дали ве берат… оти лажат пижамите.

Ко за промена изнапрајте селфиња дома од лажната вие со кило од вашиО некогаш фенси (сеа бајат) make up, шо го пласиравте до некни. Ја шминкавме душата до пред некое време, ама сеа овие ѓаолиштата в карантин како да ги нашминкаме. Ако, за арното на бракот клајте тро ружца женишта, стокмете се и остајте О ,,диворсО” за од ко ќе излезиме од дома… Т.е. од дневната, спалната и фрижидерО.

Аее блогерки сеА јако наприцкајте се и стегнете заби за убо селфито да дој дури си терате во филмО на ,,дринкинГ Вајн вит мај лав!” Од ко ќе го докусурите виното и ги извајте маските, јасно ни е на сите оти очите ќе си ги извајте со тој ,,ЛавО”. Ајде сега ,,тревлрс”, пишете оти патувате од спална в дневна и врти сучи околу фрижидерО. Над магнетите шо ве потсеќат на местата на кои ,,вршевте”, напишете си оти не ви се јади, ами така ви се чини оти не крепи паркетО вакви маскембали низ дома!

…И не клавајте заштитни маски утре ко ќе излегвате! Ха ха хааа! Априлилили мои драги трачарчиња! Денот на шегата е, ама нема мајтап играње денес!

Издржете… Искрепете… На мускули! Аххх та снага битолска… Мора да се чува за в меана после дождот. А за неа, друг пат муабет ќе прајме, али едно е важно:,,Совреме резервирајте си оти ред ќе се чекало сегде пред кафаните!” Има да се излегва јако… Резил да се сторат сите и после месец дена пА(к) в карантин сами ќе се изолират оти ќе му биди срам да се појават надвор! Е то се чека!

П.С. Е оти излегвавте на предновогодишните забави со колегите шо најпојќе ги мразевте и низ заби си велевте:,,Ајј среќна нека е!” Е зато… Врати се 19та, се ти е опростено!

GOLD
To Top