Новости

Битолски трачарлуци

Евровизија- шоу, уметност или политика? Како ли треба да ја доживуваме?

,,И да зборувам на сите ангелски јазици и полиглот да бидам, штом љубов немам ќе бидам бакар што ѕвони и кавал што ѕвечи” – така вели во ,,Химната за љубовта” Апостол Павле, али некои од нас нити слушнал нити навидел. Комплетно апстрахирани од политички аспирации и наклонетост кон било која страна, со чист ум и разум би повториле дека уште еднаш по не знам кој пат би рекле дека малку и ни се гади од целава конфузна нација, гнев насобран во народот, омраза, лошотилук и перде на очите. …И по не знам кој пат би се цитирал Џамбазов:,,Ма каква е оваа ситуација?!! ” Ова е збунета генерација. Во апсолутен политички притиснат шок, сите зафатиле страна и до толку ја држат и крепат што веќе се заборавиле каде им се границите. Песната е ангелски јазик и нели (барем така нас од мали не учеа), таа треба да ги поврзува сите. Безусловно, ненаметнато, спонтано. Ама овде се испомешале работите. Сите сте во право со вашиот патриотски фундаментален однос. Убаво е да си ја сакаш историјата и државата. Ама одамна ние изгледа немаме ништо драги мои. …И ко шо големиот Балашевич, ќе спомни во еден цитат:
„Само… бедно е пријателството кое останува како ситен кусур од крупните љубовни банкноти…“
До толку сме се изедиле меѓу нас, сме си турнале сопки и стапици, сме се наполниле со завист и гнев, шо пак ќе речам сме ја заборавиле релевантната страна на патриотизмот на пример. И зад неговите постулати се крие љубов. Кон кој? Да не забораваме на нас, на тој до нас, на пријателот и уште едниот жител на ова парче земја. Ние сме ја правеле неа, ама доста е веќе! Се гади од политика и било какви насочени страни. Скоро комплетно инсприрани од Евровизискиот настап на нашиот претставник, се должи гневната инспирација за статијава. Ако е политичко шоу таму од некои ,,големци” и ако е ова срцевиот пазар на и онака нашето ,,намачено распарчено јаболко”, ете едно големо срамота. Но, што ако за миг замислиме дека е се во ред и што ако го игнорираме и го сметаме за непостоечки хаосот на политичкото кризирање или моменталнта промена на имињата, ликот и јадрото? Што ако гледаме само и само од страната на нешто што се нарекува уметност? Што ако бар за миг се гибниме во тие мозочињата исушени од гнев и вечно сомневање во подмолни игри и не се запрашаме дали песната на нашиот претставник вреди? Што ако не го гледаме ни како претставник? Што ако наместо политичката сцена, ја отвориме дискусијата за музичката сцена која замислете постои?! И знам..тука се отвараат еден куп дискусии и критики и коментари од типот таа воопшто не требаше да се појави таму. Таа кој го претставува?
За жал, се е некако испокршено и дури си пишуваме, во умО една мисла сд брка. Кај го имам куферО клаено? Веќе е доста. Се изгуби целата смисла. Сега немаме навивачки дух од друга страна. Повеќе не знаеме кои сме…што сме и што се случува? Фундаментално е да се разгледаат сите страни, но уште позначаен е фактот дека заклучивме оти…дека заклучивме оти и всушност нема заклучок!
…И повторно, комплетно оградувајќи се од фактот дека мора да се зафати страна и да се алудира кон политичка наклонетост, големо браво за нашиот претставник. Како уметник и космополит, чисто од страна… Ангелскиот јазик… го слушнавме! А победата не е за ничие знаме повеќе! Жално е и тажно е…но, кој ни е крив!

,,Како да се спаси од омраза и завист, па дури и од обиди за физичка елиминација секој што го носи проклетството на талентот? Има два начина: да се исели од завидливата, примитивна заедница во некој друг простор: странство, циркус, манастир. Вториот начин е да стане што помалку видлив и „перциптибилен“ во својата средина. Ако не го направи ни едното ни другото, тие ќе се погрижат да го елиминираат физички. Дури и да чекаат да умре, ќе сторат сè да умре побрзо: ќе го шиканираат на работа, ќе му плетат интриги. ” – Венко Андоновски

GOLD
To Top