Новости

Битолски трачарлуци

МозокО попара со хорор измислени приказни!

Како да луѓето сакаат да си кажват лаги со опашки. Страшни ефтини приказни кои се наменети само и само да му предизвикаат шок на нивниот соговорник. И во тие ефтини причи, ,,најДрама кУин” се стално жените кои сосема бескрупулозно и дрско наметнуваат нивни мислења и сепак лажни искуства. И откако ќе ти ја исцицаат цела енергија на светО, задоволни ќе ти се насмеат и ќе ти речат:,,Ама ти не слушај никој!” или ,,Секакви табиети…сепак сме различни и не мора да значи оти и тебе ќе ти се деси истото!” А потсвесно сакаат да ти се деси најхорор приказна и да те здоболи или пак што знам..сакаат барем салам да се уплашиш, па така на еден начин тие стануваат поспокојни, утешени и не се гушат во нивната мизерна тага. Хипохондрици и љубители на драматичноста и хаосот! Се дури не ги исплеткаат работите, го немаат тоа инфериорно чувство ко небаре топла вода да измислиле и дури не ти го напрат умО попара не се откажуваат! Епа сега ако си будала, слушај ги! Ама како пак да не и која е точната лозинка за бар на момент да се исклучиш од досадните страчки и да си тераш даље без ионака нивните беспотребни совети и споделени хорор лажни искуства! Нема шарм во лагата и ептен куси им се нозете!

GOLD
To Top