Новости

Битолски трачарлуци

Ехх ко си бевме ,,Град”, моја Битолa!

Ми фали Битола! Ми фали музиката, бабам Битола! Ми фали Широк Сокак распеан, со народ.. Ми фалат пуфлите и кабадаите во градО…Ми фалат кафичите, високите и ниските мaси..Кафаните, еснафите, боемите, паркот, Мара, фонтаната, Грне, Антико,Скарлет, Сквер, Софи, Кул, Висаж, Игучи, Џовани, Кристи, Соларис…

Ми фали културата, театарот, актерите, настаните, виното, џезот, рокот, Ааааморе и кичот ми фали! Ова појќе ни кич не е! Треба стварно да се измисли нов термин за најновиот ,,кич” во некогашниот ни Град шо ми фали! Ми фали народ, полни улици, пријатели, па дури и непријатели (на блиску не на метро-две)!

Ми фали чаршијата, дуќаните.. Ми фали Битолско културно лето! Ми фали распеаниот град, задоволните лица, фаците во градО!

Ммм како само ми фали макијато гОлемо со ладно! Муабет и шаренило! Ми фали да седнам на маса ко прав битолски шарлатан и да исцицам тутун за секунда дури ја оговарам најаката невеста на Корзо! Амор, уметност, страст,сарказам,омраза, фитиљО на битолчани краток ми фали… Живот ми фали!
…А сега во меѓувреме, да не слушна некој муабет за арката дали совреме се спрема, кај се спрема, дали оди со предвремено закажвање работата и зошто не? П.С. …И двајца по двајца ќе одиме, не да се стрчате сите наеднаш! Со усул тро! ОвАј пат за сите ќе има место! Од овде малку сме, толку остснавме! Кроце…


… И некој некогаш пак тука град ќе изгради! Град на клавирите, музиката, пуфлите и шармот! Кичот и еснафот и животот кој ни го украдоа, а за кусур ни фрлија ситни ,,љубовни” банкноти оти си мислат само од нив можиме да живејме!

Ама дај да им го овозможиме тоа задоволство за Инает и конечно да ја затвориме вратата од внатре, а не од надвор. Па нека се случи! Нека се врати! Битола…Некогашниот Град!

GOLD
To Top