Новости

Битолски трачарлуци

ЖенскиО ,,сингл” есап во ПМС!

– Дебела сум. Ништо не ме бери, немам шо да облечам. Ни прслуците не ми чинат! Чевлите ме стегат кај прстите, потечени ми се нозете не мом едни штикли да си клам! А и шо ако не бев дебела, синкир ќе фатев некој.

Не остана некој во градО! Од 100 посто жени 50 се исселени. Од другите пеесе, 30 се мажени, 8 остаени, 1 посто јаки млади вдојци, 1 посто стари баби шо ги фатила улајцата на староС и акат по меани, и во другите останати 10 посто сме ние зафркнатите сингл Чупиња или стари Чупи.

Споредбено, во градО има многу помалце мажи од жени. Бар од нашата генерација, така излегоја. Од 100 посто мажи, 50 се исселени кои со тие истите жени шо ја киднаја, кои тргнале да ја барат среќата само не тука. Од другите 50, 30 посто му го менват маслото на овие погоренаведените мажени женишта и истовремено водат двоен живот во брак. Другите се остаени секси пијани татковци шо пуштат виска на секоја втора на шанк, со по 6 деца зад нив. Останатите се бричој, грди и сакатури или недостижни богаташи со многу голема самодоверба, па тешко да стигниш до нив.

А па јас вака дебела ко шо сум.. Не оти многу сум, ама овие 2-3 кила плус на мене, 100 посто тие ќе ги забележат. Тие секси богатсшите надуенковци и секси вдојците пуштени од синџири. Мажи сингл скоро и нема. Освен остаени, излезени од затвор на викенд и идиоти … нема! Е така! Зато поарно ќе си седам дома и ќе думам како да се отепам!

Или ај бе шо… Ќе излезам и ќе се очукам ко госпожа и шо ми е па гајле! Синкир јас за да ме види некој излегвам! А ми го виде бившиО чоек! Леле та грдаа неговата! Кај ја најде мори таква сакатура! … Ај иди за пол сат да се спремам… Лелеее немам шо да облекваааам! Не бе чоек не излегвам! Или да излезам а? Шо велиш ти?
– Не знам и јас немам шо да облечам! Многу ослабена сум!

GOLD
To Top