Новости

Битолски трачарлуци

Интернетов и старите?

Интернетот како најсовремениот моќен медиум очигледно извршил влијание врз генерацииве. И ај овие младиве ќе ги сватиш. Во тек се со нивните настани, со нивното време, со променитe. Се радват исто онака како ние на ,,супер Марио” и нинтендо шо праевме ќеф. Или ако ни купеа компјутер нов. Па то беше веселба. Сите другари кај тебе и штракате на тастатура цел ден..играте игри или на мирц се зафрквате со некое смешно ,,јусер нејм”. Сите околу тогашно најново светско чудо застанати фасцинирани од таа кинеска работа. Значи ај денес младиве се понашаат исто..со инстаграмот.. со фотките..со стори најнови и сликички од софрите.

И ај ќе речиш нив им е забавно и јако и им влијаат тие триста лајкој во социјалниoт живот и интеракцијата со пријателите, али шо му се дешава на овие постарите генерации?!

Се радват на лајкој..клават стори на секој пет минути и се фалат кај биле шо биле. И шо е најако гледат кој им го гледал сторито или кој манал ,,лајк” и како реагирал. И пак уште и замерки следат или пак нестварни коментари oд типот на маж-жена релации и обратно. Значи поточно, ако го видиш постот на некој, ти си заљубен/ во него/неа. А не дај Боже ако лајкниш или па чоече ако стаиш чоече шо прaќа виртуелни бакнежи. Па то ти е..удада за срамота! И цел овај филм го тепат старите.. Да ти е страв да лајковаш или да ѕирниш. Одма муабети и шпекулации.. Секој поинаку си го сфаќал… Море Љуѓе нема шо тука да се разбери. Клаено е за да се види..Во спротивно, ништо немаше да се пласира.

Лајкот не значи ништо, а ни смајлито не е некој посебен сигнал. Да прекиниме да сфаќаме погрешно. Изгледа е редно. М?

GOLD
To Top