Новости

Битолски трачарлуци

Кабадаите корона не фаќАт, оти гром в коприва не мава!

…И сега сите за инает во игротеки ќе ги носат децата за кафе рает да пијат родителите шо нема да одат на работа! Па конечно имат пауза некој ден, мора да се искористи! Од срам тие шо беа во високозаразените земји ќе си ќутат кабадаите и ќе го виткат лајчето на Корзо.

Од инает ќе се прат масовни собири в кафичи и в кафани, макар и да е забрането. ,,Не ни е страв, од ништо не се плашиме” ќе вели народО наш силен оти гром в коприва не мавало.

Сите сме несериозни и крајно здравствено недисциплинирани! А ако размислиме тро поубO, нема потреба од паника, пошо стварно не можиме, не сме спремни и не знајме да се носиме со ваква ситуација! Така да, само ако Господ сака ќе не поштеди, а ние сами да се поштедиме, не знаеме.

Ќе не снема од завист, од кабадајлук, од срам, од арамилук. Тие шо немат книшки од црниве или беливе, Бог нека им е на помош. Во чамците од бродот што тони, остaнува место само за лажговците, богаташите и арамите… или? Ќе ни свири музика на виолинче до крај, па и в карантин јако можи да ни биди. Сто посто ќе се прат далавери и до дома некој на некој скари ќе му носи, алкохол и први мај дома ќе се слсви. За везден. Само не знајме колку е то везден! Али ско веќе(сурово) знајме оти ни се ближи потоп, барем да се умри машки и ксбадајски! Џабе нема кај да се бега! Е сега ни бугарски пасоши не не спасват! Туку совреме брашно, масло да си обезбедиме, оти друго чаре нема! Или пак Корона одела со пивце!

GOLD
To Top