Новости

Битолски трачарлуци

Каде за Мајо?

Први Мај цела година ни трај.  Да не ни е на ум, најадени, напиени сите. Корнат на скари сите селфиња. Да му дојди на чоек едно черџе да си клај пред компјутата и од гледање на фејзбук да се најади. Или да се прејади. Зависи од силното „селфи“.

Први Мај е единствениот ден кај шо нема деколтиња, голотилук, миниЌ на сликите, али затоа има искината тренерка и патика. Чест на исклучоците кои се свесни за брзото еволуирање на дваесет и првиот век, па си одат спремни на ливада со по некоја тренерка од седум и деветсто на пример, гланц нова. Се спремале тие уште пред месец за овој ден, ко небаре за на свадба.

И таман, завршиле скарите промовирани на фејзбук, ете ти ги некои на трети, четврти Мај: „Малку задоцнивме, ама ете ние како си поминавме!“ За каде сте закаснале и која е таа сувишна фалбаџивска потреба на промовирање на легачењето за „денот на трудот“?! И секако неизбежни се коментарите над сликата. Таа е убаво објаснета, за да нема потреба последователно од „Министерството за туѓи гајлиња“ да се оговара и безпотребно да си претпоставува.

…И навистина, мажите прават најубава скара. Дури мљуцкаат ракиче и лежат. За разлика од нивните женчиња растрчани кои ја прават салатата, ги мијат пајнците, ја сервираат масата, носат пијачка, варат кафе, трчаат по децата… Па…многу се одмараат. А не биле нешто уморени да речиш…Шо знам како да речи чоек!

GOLD
To Top