Новости

Битолски трачарлуци

Сите станаЈа експерти за короната!

Песимистите: – Прскат со корона од небо. Местат то ,,5-џито”. Кои сателити кои бакрачи. Сите си играт мајтап со нас. Ова само заговори се. Сакат да не уништат. Ќе испоумриме сите!

Православните:Антихристи!

Детективите:

-Јас мислам оти ова намерно е за Трамп да го паднат.

-Кој бе?! Абе кинезите намерно го смислија за да докажат оти најјаки се и оти први ќе излезат!

-Не. Јас читав оти од руски авиони нешто се праело. Тие пуштале некои честици во воздухО и први испоцркале некои војничина во Вухан. Зато од таму све иди!

Политизираните и оние со книшките: – Море овие нашите да беа, лавовски ќе се спасевме. Везе немате вие!  -Ах пак тие вашите ги видовме, ќе олцнеа на првата сопка. Се ќе искрадеа и ќе заминеа!

Скептиците: – А да не не беше ова од порано излезено, само шо сега многу го предимензионираја!

Сценаристите: – Намерно е ова се! За да сејме сите дома и ,,тие” да прат шо сакат надвор! Ова е теорија на заговор. Сеа ќе не чипират со вакцините и ќе не пратат се шо прајме секаде. Толку не ви текнува?

Лаковерните: – Нострадамус предвидил се, видовте?

Гневните: – Море кој ве тантели, само глупости читате на интернет. Секоја будала текстОј пиши! Да му умри се до трето колено. Да му..тииити…Да му…тииит…Да му тиииииит тииииит тиииииииит!

Хипохондриците: – А видовте?! Нови знаци имало за короната. На нога точки ко сипајнци се јавувале!

Критичарите: – Не бе ова шо го напраја со полицискиО час, неубо. Уше појќе се туткат по маркети. Жено спремна за во Кам?

Шегобијците: – Народ шо ги пери маските заедно со гаќите, прслуците и чорапите, ништо не го фаќа!

Оние кои треба совреме да си закажат термин на психијатар:

– 15 ден во самоизолација. Супер ми е, само се прашувам како се парат пајаците.

И секако…кабадаите: -Шо бе…Мене не ме фаќа! Гром в коприва не мава бе сине!

GOLD
To Top