Новости

Битолски трачарлуци

Кои сме вистинските? Оние на социјалните мрежи или оние другите?

Светот преку социјалните мрежи! Хм..
Деновиве како да сите имаат нешто да кажат, да се пофалат, да споделат. И сеуште судејќи по социјалните мрежи, по профилите и актуелните пласирани случувања, се чини дека на никој ништо не им фали. А од друга страна ќе ги видиш се жалат на фејсбук, во коментари..кукаат..политички се определуваат…се откажуваат и на крај дури сами се проколнуваат и се каат што воопшто се родиле. А ваму, сликите зборуваат друга реалност. Дали е се феик и фотошопирано или што? Пластична реалност! Веројатно никогаш не треба да му се завидува на туѓиот живот затоа што не знаеме колку многу театар и глума е вложено во истиот! Ако до толку ни било тешко, немаше да ставаме слики од плажи, јахти, брендирани облеки, автомобили, шминки, златни ракавици… Слики од журки и боо колку ни е јако. Или натписи како:,,It’s time!” или… ,,Party time#best moments of live” …или ,,my best friend#love her”А од друга страна пусто е по плажите, нема вистински уметници и боеми за кафаните и журките и не се тоа баш најубавите моменти од твојот живот, а таа до тебе воопшто не ти е најдобрата пријателка туку е веројатно глупачата на мама и тато али е јако да се дружиш со неа, па глумите лудило! Сите се толку исфорсирани и пикнати во некој филм.. Не, не… Порано беа така, сега се заглавени. Во тесниот брендиран аутфит..во ефтини муабети и неукост, во квазиинтелегентни структури и беда! Кој феик и пластичен свет човече!

GOLD
To Top