Новости

Битолски трачарлуци

Кои сме пак ние да критикуваме?!

Ако си имаме со кинеско-индиски јогистички филозофски глупости, проблемот кај нас е до самосвесноста. Али конкретно кај човекот од оваа Чудесија која сега не знаеме точно како да ја крстиме, како да и се обраќаме, не е само самосвесноста, туку самоуништувањето. Ние дефинитивно сме споулавеле со тоа вторто. Очигледно дека имаме многу достапност до информации, реплики, критики, одлуки, светот, ние, денес.. Вестите не само што ни се достапни, ами и ни даваат комплетно право да ги критикуваме без разлика на нашето ,,Ајкју” бате! Денес секој може се да прочита, а последователно и да искоментира без и заборавајќи го правилото за ,,пипер в уста”! Се колнат, се пцујат, се кудат. Се појќе фрустрации и комплекси али ако се раздроби работата, дури и комплексите и фрустрациите се одлика на паметните и интелегентните. Ум треба да се разочараш од нешто за да станиш лош! Овие другиве, ги води првичниот импулс и инстинкт. Веднаш избувнуваат и носат инстант одлуки во кои ужасно многу се расправат со останатите. Ужасна е сликата на квазиинтелегентни состави од ефтини и кочијашки пцовки под одредените статуси, статии, видеа и било какви вести на социјалните мрежи. Ужасно е и боли до балчак колку тоа ние чекаме трошка за светот да го рушиме кој и онака одамна ни го распарчиле, разделиле, одзеле. Само партиска определеност, плукачи, критичари и комплетна омраза од глупавштилук. Не е тоа фрустрација. Нив им помина. Ги лечат раните во странство па наше е да не се секираме. В година како дијаспора ќе имаме повеќе гласови од дијаспората на шоу како евровизиското на кое ни се потребни странците кои ќе го намножат својот залечен комплекс во туѓина!

GOLD
To Top