Новости

Битолски трачарлуци

Кој е најКабадајата шо дели од толпата?

… Е сеа извинете на ,,битолскиО”, али вака стојат работите.  Зшто мора да живеЈме по правила? А и кој ги пиши правилата во нашиО Некогашен град? Зошто мора да си кратиме од она шо сме и шО го сакаме само за да сме дел од тА ,,кабадајска” шема? А сине?

Зошто мора да трачариме и да си го пикаме носО кај шо не треба, па и зошто и шојма да И знајме сите инфо за сите ,,пАзнати” фаци во тој конзулски град кој гале гале (рековме) изумира. (Дури ние ушЕ лајчето од макијатото гАлемо го гризиме.)

Зошто или Оти мора по секоја цена да сме дел од толпата кај шо е шемата по кафичи? Зошто мора да се туркаме на врата во ноќен клуб (патем Расчекор само тој останал) и уше да си мислиме оти е некој престиж да влезиш порано оти се знајш со тој на врата и ти О трга то јажето, па ти намигнува со муабетО:,,Со кој си? Ае влегвајте. Дечки ај место напрајте Му!” До коА мора да го играме орото оти така ни се наложва?

До коА ќе не обвинва системО оти не можиме да се вклучиме во него? До кога ќе го обвинваме и обесваме кај сатО секој шо мисли обратно од нас? Ако не е за нашата партија…Ако нејки деца, а ние сакаме. Ако сака кариера, а ние нејќиме. Ако сака лабаво да си пие кафе сам на Корзо без да го напрат чукнат. Ако сака да ака до сабајлина, а ние нејкиме (или не Мојме)…Ако ние сметаме едно, тој друго..

До кога ќе мижиме пред оние со пет минути сколија со се одморО и до кога ќе тераме по основното мото:,,Поштовај ги оние шо во основно не знат два и два колку се оти еден ден ќе ти бидат шефој… ќе ти се нАт!”

До кОа бе? До кОа? До кога ќе се прајме на будали ко ќе поминиме на Широк Сокак и денес нема да му напрајме муабет на другите оти не ни се збора, а утре пак истиО муабет:,,Кај си те нема..обавезно кафе да напрајме!” НикоАш нема да напрајте. До кога мамичките со муабетО:,,Уживај дури можиш!” До кога татковците со кабадајлукО и пуфките во меана? (Нека јадат грав дома…)

До кога ќе се пази на ефтината до секунда и до кога во недела со петлите комшивката ќе бучи со ,,вселенското летало” наречено правосмукалка од далечната прва светска војна и ќе ти го доза..ва и онака лошиО одвратен мамурлук.

До кога ќе постои тој мамурлук како последица на неконтролираните пијанки в кафичи оти срамота е да заиграш. До кога?

До кога ќе немаме свое јас и по секоја цена ќе мораме да му се вклучуваме на системот на кого му потонале сите бродови одамна?! Треба ли и ние да тонеме заедно или срамота е да испливаме на површина?! Кој е најјакио кабадаја шо ќе ја мени ова работа и ќе се издвои од толпата без да биди униформиран како останатите? М? Јунаци? Батулиња..Синци?

 

GOLD
To Top