Новости

Битолски трачарлуци

Крајот не ви се наоѓа со осудувања и критики!

Ако е уба, абе шОсторе кизнеј колку е пластична. Ако е грда, леле загреота чупето, шо не се напрај пластична операција.

Ако е мажена помала, не е салам цел живот го пропушти, ако се мажила на старост, тешко неа шо чекаше до сега. Ако е остаена, ченгија е, а ако нејќи да се остај, глупа е шо го трпи. Ако е сингл, шо не си најди некој, ако најди некој, Шосторе бее, кај го најде онај!

Ако нејќи да се мажи, влезена е во филм, а ако сака, тешко неа, не знај шо ја чека. Ако сака деца, не е нормална шо не си ужива дури можи. Ако нејќи деца, како така да нејќи! Ако сака само едно дете, себична е. Детето сака друштво да си има!

Ако се облеква убо, нападна е и е загреоЈ, а ако се облеква батал..добро бе како не му иди малце да се поддотера. Ако готви, тешко неа над шпоре останата. Ако не готви, недомаќинка. Ако не излегва од дома се запусти од ко роди,се затвори, а ако излегва е пустикуќа, детето други му го изгледаја!


За мажите: Ако е убав, убав е. Ако е женет, женет е. Ако има швалерка, има. Ако сака деца, секси татичко е. Ако нејќи, пак е секси само без деца и то е негов живот, шо сака ќе си прај. Ако е остаен, има некоја. Шо да нема, види го алтан! или… Греота нека си најди и тој некоја!

Ако шета по кафани, жената дома не можел да ја поднеси шо да прај нека олабај, а ако не шета, домаќин чоек е. За децата никој не прашва кој му ги гледа и ако е сингл и седи дома и не излегва, сигурно чита научни енциклопедии или вледа документсрки за настанувањето на светот и кварцната физика! Господе колку е секси!

GOLD
To Top