Новости

Битолски трачарлуци

Лоши жени спонзоруши!

…Има жени кои уште како мали си го кројат тој патетикус филм и сон во кој веруваат, каде себе си се замислуваат со принцот на бел коњ, пред олтар, со прстен и халина. И толку им е сонот и интелегенцијата која највисоко IQ има достигнато штом еднаш ги погодиле буквите во супата за букви.

Овие типови на Љуѓенца ко ќе видиш се скромни во амбициите и имаат едноставна желба. Мажачка. Али ,,у овом контексту” прајме муабет за оние жени кои однапред ги имаат испланирано апетитите во врска со ,, малата амбиција”. Значи каква мажачка? Каква свадба, каков принц и шо коњ држи принцО. Каков прстен, колку чакати е фустанот и колку писле свадбата ќе се трачари за мегаломанскиот настан. Жени спонзоруши. Никогаш не им е доста. То ти иди како јавен и легален арамилук. Овие глупи ,,напумпани”створења цел живот вложват во својот физички изглед и во тие заводнички лигави манири, а откако ќе го придобијат нивното ,,плишано мече”, задоволни ќе се пласнат на тронот или пак во најмала рака ќе се усреќат и со сланина и кашкавал тро појќе од другите во фрижидерО. Да живејш за то!

Луди, отровни и ниски. Али таква им е кројката и ко ќе видиш и не се толку ограничени во поглед на мозочињата оти барем знаат каква цел имаат и знаат каде и како да ја реализираат. Вратите знаат кој може да им ги отвори, а со малку од појќе труд и порти железни ќе истуркат само за да го добијат флертот и свадба и мажачка од соништата. Овие би расипале свадба, брак, би остајле маж со две деца без око да им трепне.

Пазете женчиња од вакви шармерки и овој вид на легална проституција шо заткулисно полека и сигурно, политички и ноншалантно знае в кревет да ви се пикне. Кој по кратко време нема да биде баш ваша сопственост.

GOLD
To Top