Новости

Битолски трачарлуци

Маж не остана во градО!

Најнов тренд на жениве е да драмат околу нешо шо стварно е небитно, ирелевантно, мало и безначајно. Не се експонирале доволно през годините и вероватно поради шовинизмот наметнат врз нив, мАрале некако да се истакнат, па ете им текнало вака. И не е тоа мазохизам ами енергетски вампиризам! Ќе си се истушат, ќе ти фрлат куп проблеми и гајлиња и од ко ќе ти ја напрат глата тапан, ќе си заминат као и нишо да не било. Така исцедени особите од другава страна, инцидентно и ненамерно се чувствуваат потиштени, малаксани, абре дотакнати! Али и драмава изгледа им се допаднала и ја усвоил нивниот ум, па и покрај нивниот тестостерон и мачомен мускулест стил кој го користат штoм ја креват раката в кафана за да ја накренат ракијата, изгледа оти и маживе стануваат драматични, исти како и жените. Современите ,,мажи” се толку инволвирани во денешниов женски свет шо можат да ти раскажуваат за готвење, миење садови, перење, менвање пелени, породување, облекување. После трета чаша ракија до толку се опуштаат шо една девојка комотно може да го сподели доцнењето на циклусот и тука брзински есап на плодните деноЈ да и се напрај.

Го нема појќе онај лабав муабет од машко друштво шо ќе те опушти ами се е некако напето. И ок, не велиме оти нема шарм и во цело тоа т.н. ,,21ви век понашање” али стасу. Не само шо изгубивме мажи, ами добивме плус жени! Е шо е ногу ногу е! МозокО попара!

GOLD
To Top