Новости

Битолски трачарлуци

Мама, тато и нивниот бебешки говор!

Бебешкиот говор и мамичкиОт однос. Треба да има посебен кодекс на однесување при обраќање на бебе во јавност. Во ред е да ти е слатко бебето и да се топиш и глупираш на само. Али во јавност, не бре жени! Толку изгледа тоа лигаво.. извештачено…одбивно…Али не! Мамичките обожаваат да привлечат што повеќе внимание и притоа спремни се да го направат и извадат најголемиот циркузант и кловн од себе си само за некој поен плус. Не знаејќи дека се всушност во минус. Две мамички во живо би звучеле вака. :,,КаЦте вие? Абе кацте? Леле цонце мило, кае кулето? Со си плај денес пилето?” И најЈако е шо викат на цел глас и за детето зборват во прво лице множина. Значи ,,Ние” спиеме..Ние ждригнавме..Ние се покакавме… (преземено и патентирано али шо е така така е) ,,А не Ни е јасно?! Шо ко ќе биди то пилето..куЛето..во пубертет и ко ќе му мириса на мозолка низ дома? Дали пак за секоја активност на детето, мајката ќе се обраќа во истото прво лице множина?!” На социјалните мрежи да не зборуваме колку тоа лигавењето завзема граници со фотки и приказни оти денес ждригнале и се поместиле, и колку лајкој собрале. Лигаењето таму е и од типот на:,, Поздрав до тета Wиweнце..Најмногу те сакаме..ти пустаме многу гускања и те цмокнуваМе миwa тета Wиwенцее!” Значи шо појќе W клала во постот, толку послатко изгледа малото. Ок си е тој ,,baby talk”и сите нека си се глупират низ дома, али само таму и колку шо навистина е потребно! Оти Weweee! П.С. …И да не заборавиме, поздрав до татичковците кои исто така си знаат да си го практикуваат истиов бебе говор, па без разлика на мускулите и тие знаат да откачат. Каци ти?!

GOLD
To Top