Новости

Битолски трачарлуци

Мачо женишта или само напнати очајни домачици?

Мажите обично се напнуваат само ако некоја му досадва и трча по него, го следи, прати и не го куртулва од лајкој, пораки и дерман нема од неа, па тукаиди муабетО: „Дај ен напнувај лелеее!“ И фала Богу, мажите се напнуваат и во алармантниот случај ко ќе снема ракија во бочвата.

Жената пак, за разлика од мажот, си се напнува малку почесто и то ко ќе пери, пегла, ко ќе треба плус еден конфекциски број да носи и не му оди шопингО, ко ќе мажот и одговара и ја слуша, ко ќе мажот не и одговара и не ја слуша. Таа се напнува на работа, се напнува со децата, со комшите, со стајлингот, прашината низ дома, цвеќињата и сликата на ѕидО оти е тро полево. Во глобала таа се стресира за се и у осталом тоа е нејзина работа.

Али види вака, од друга страна таа секогаш е мачо мухер пред своите пријателки. Мажиште е, обзирна и го куди машкиот род. Зошто е потребна оваа лажна искривена слика пред себе си, сеуште не се знае, но појќе од веројатно е оти то ваљда е единственото чаре за да напнатоста напати се стопира и домакинката олабај како вистински мачо!

GOLD
To Top