Новости

Битолски трачарлуци

Муабето тука да остани!

Шо прајш? Шо да прам? Шо ќе прајш. МуабетО тука да остани.

Четири реплики шо го вртат кабадајлукО и го вадат од шасија онај шо не го разбира уствари муабетО.  Не оти е за разбирање… „А шо бе да не ме слезиш од авион ако не ти чини?!“ То е то. Такви си сме. Апсурдни, смешни, кабадаи.

Пример, најчесто се прашва некој шо прај во момент ко ќе уствари знајш шо прај. Тука ни е апсурдноста, али и уникатноста. Тој копа во дворО со гајба пиво до него, или ја вади бавчата, или по ѕиври е излезен и ја прска колата со шмркО. И ти го гледаш то и очигледно знајш шо прај, али поентата е да се најш во муабет и сепак си го прашваш.

Е на то твоето очигледно реторичко питање следи кабадајски ист одговор со ист интензитет шо би гласел:,,Шо да прам ете…”.

За да еден кабадаја не остани покусо при ваквио тек на штотуку започнат дијалог, возвраќа:,,Шо ќе прајш, то е!” И тука втор муабет ти иди за времето. Без да знајте, на гајба бира сте свртиле и веќе втората ја муцате, а ко ќе дој третата, веќе се вртите наоколу да не го слуша некој трачот ѓоа ненамерен (а за то си дошол ѓом случајно) и си велите: ,,Муабето тука да остани!”

GOLD
To Top