Новости

Битолски трачарлуци

Најнов тренд – преживување и шо појќе измислени проблеми!

И дури некој таму едвај крај со крај врзва, секој дeн се дума како да преживеј и да ја нарани фамилијата, Ким Кардашијан се скапала думање како да влези во фустанот за една специјална гала. Вечер каде познатите пленат со нивниот екстравагантен стил и шо појќе пердуи на нив имат то појќе понуди од страна на папараците. Светот е хаос и тотален апсурд, па ко преживи причаче! Али се некако математиката е ваљда кој знај и кој не знај да живеј. Или ќе живејш и ќе раскажваш за убото или ќе живуркаш. И како шо во светО е ,,фејмос” да си ,,фешн блогер”, така кaј нас е ,,попјулар” да си шо поголем кукајца. Па спрема то, или водејќи се од тој аспект, пусто наше…Во крвта ни е да се мачиме, та и да имаме многу, пак ваљда иста прича ќе биди! Станува се поверојатно дека сме неверојатни и дека не знајме баш да уживаме без притисок, лабаво и без тегоба. Мора да ни е мачно и опето, па со оглед на неколкуте факти кои и зборат низ историјата оти сме мачени и успат трпени и толерантни, заклучуваме оти и на гла да ни се качи чоек, знајме да го истрпиме. А ако не ни се качва, не сме учени и досадно ни е, па и да нема паник тастер, и тоа како ќе го измислиме.
Светот е апсурд и е хаос. Совреме да се реши живеачката, та остај ти…и Кардашијан си има свои маки. Разберете ја.

GOLD
To Top