Новости

Битолски трачарлуци

На плажа покабадаја од мене нема!

Дали си имаме чактисано оти секој кој вози поспоро од нас е идиот, а секој кој вози побрзо е мањак?! Суштината е во кабадајлукО. Не дај Боже некој да е покабадаја од нас. И дури така се возиме и го пцуеме оној кој не претицва, упорно не признавајќи оти колку и „ГаС“ да даваш на „карО“ не оди бате, оговараме или си прајме муабет за некои богаташи кои биле на одмор не знам каде и колку тие не си ги знаеле парите. Фала Богу дека секој таков муабет завршва со:„Не бе сине, мора некоја лева рака-десен џеб да има во муабетО, да не мислиш оти така лесно пара се прај. Сто посто арамии се!“

…И цел овој муабет се „вози“ ради комлексО оти то синето богаташко смрдуле – плишано мече, има појќе од нас. Се поставува прашањето зошто да има и се констатира оти не смеј да има никој појќе од нас. Е токму тука е кабадајлукО. Ние сме најјаки и ко сме кај одморО, шодеки бевме со љубејнцата под мишка и тенџерињата, доматите и пиперките на одмор. Пак ќе речи кабадајата:„Шо бе? Абе преубо ни беше. Онаков одмор, одамна не сум имал“. А фала Богу многу убо знајме оти тој у осталом не ни бил на одмор некогаш, не па одамна. И кабдајлукО си врши со чадоро и чекирање в базен, на плажа, фотки од нозете, петицата шо шлапка во плиткото (за да се искини душичката на тој шо не стигнал море да види ова година), коктело со чадорче, хавајката и тангата или полутангата на жена му. Ем домаќинка над тенџерето, ем камен е. Види ја. Ц ц ц. Оф лелеее…

Ко сме кај модниот аутфит за на плажа, на македончето не му е битно шо ќе носи за таму, оти таму никој не го знај и не ни го гледа и запримтва, ама ќе се нај некој сограѓанин (оти фала Богу сегде не има) и ќе го опули во купаќата, каква му е, како му стој, шо му стој, како си врват на одмор, како се понашат на плажа, а сето то со брзина на светлината на Широк Сокак во БитоЉа ќе се истрачари. Шо значи, оти бе сине нерает така да оди во ефтина купаЌа.

Кабадајлук, не е кабадајлук, ако не се пофали чоек и малце тро од појќе не си придодај, предимензионира и подизлажи ако треба. Оти ако треба шо треба се вели. Оти шо е бе? Тие синкир поарни од нас се!

GOLD
To Top