Новости

Битолски трачарлуци

Нека дојдат два-тројца кинези да ја стегнат работата оти маф ни е планот!!

Е сега шо прајме драги мои ,,госип” чоеченца оти кај и да е ќе треба да си посејме дома! Нема од кај трач да скивниме, неМОЈМЕ мета за оговарање да најдиме. Ќе збеснат дома грото пијаничиња без меани, без музиче, без кафичи и гужви. Не смејме да прајме гужви, а веќе се прат шеми и скеџуали за гости по дома.

Беренки в кшти ќе ги има милион. За мажите ова е казна оти не можат да се оттарасат и олабат од жените, али и благодет оти дома ќе се гледа фудбал без публика, освен ако за командата (далинското) не се чапнат со сопругите. За неверните сопрузи, од друга страна, ова е казна. ,,God Damn it”, како ќе се видат со швалерите?

Куп прашања, малку одговори. Сега и жените се прашват шо ќе му прат на брашното по дома и на брзина гуглат како се меси зелниче и ќифлиња.

Мамичките се консултираат што ли да прават дома со децата, како по демоните да ги анимираат, кои беа тие друштвени игри, а пак овие алфа мажјаците ококорени штом ја заклучат надворешната врата од Натре, ќе ги видат децата и ќе речат:,,Шо бе две имаме?!”

Дуќанџиите по чаршија нема да го вкусат првиот градски трач секогаш од ,,прва” рака со мирис на црно турско со шеќер, без или истресено лајче. Таксистите веќе дремат без работа и немат на кој да му се пожалат, да му се врекнат или да научат некој ,,излезен” муабет, шо секогаш звучи:,,Само ќути си. Да не испадни од мене излезе муабетО”. Трачот најпојќе ќе пати.

Уствари, се ,,шалиме”, секогаш ќе доминира политичкиот најрелевантен трач за вечниот дуел на десницата и левицата кои не донесоа на ова дереџе! Сега нив им е бербата. Едните да згрешат, за другите да станат појаќи. Скрос аполитично и оградено, али сто посто исто ќе ја Љуфнеа работата и другиве. Џабе ви се сега министри планови за евакуација, карантини и барања кои би ја подигнале свеста на народот шО вклучува задолжително миење на раце. А вие (зборувам за сите), ги миевте ли до сега?!

Читајте меѓу редови мои драги ,,госип” пријателчиња и молете се да дојдат два-тројца кинези да ја стегнат работата, оти ојдовме јабана… оти сме малку. Мала земја, барем то шо остана да го спасиме. А во меѓувреме, во секое лошо, по тро и арно. Можи и време беше да ја стишиме топката, да олабајме тро и да се видиме кај сме, од кај сме, со кој сме, со кој живејме. Да видиме оти сме имале дом, фамилија. Да почниме да го учиме зафатот на бабите со зелникО и како тО можело и маЖ пајнци да измие оти сеа дури ќе види шо работела женичката по дома цел ден.

Време беше да успориме со трачот, да ги стопираме измислените приказни за икс особи кои немат везе, да ги олабајме кафињата, сторињата и лажните фотки кои рскажуваа колку ни е прејЈако на вечери со пријатели кои не сте сакале да ги видите, али ви пукаше играта на пикЧаро. Епа сега нема да ги гледате.

Време е да ставиме пауза на лажниот гламур, на неконтролираното безпотребно арчење, на животот кој го брзавме за џабе. Не чекајте филмови и цртани кои ќе ви ја пополнат вашата карантин програма.

Направете го Дизни дома и само споредете ја бајката внатре ДОМА со онаа лошата копија што сте ја глумеле надвор! … И берете ум!

GOLD
To Top