Новости

Битолски трачарлуци

Нешто смрди до параноја!

Претенциозно или не, одиме кон самоуништување. Ни носат кучиња и не лаат во сопствениот двор, а ние ни „оф“ не велиме. Ок тоа да само на социјалните мрежи сме си супер сскачи, алапачи, нервозни, небитни и битни, дрски, ниски, идиоти, кабадаи, си го знаеме и браниме своето.

…И „најдобро“ е да се откажеме во овој круг на лаги. Во еден тоцкав круг на лаги. На генијални лажни вистини. Претесен, загушлив, магичен или магепсан круг. И така ко една зграда од Кина си функционираме годиње. Кој се снајде се снајде и му ја кидна. Кој се чука по гради на „фб – профилот свој“ (и тој дури го има, оти ко шо глеам се почнаја да земат) се чука, кој исполнил и ветил мало морген и шо не тркалат – не тркалат. Јако!  Али дури има тркала за возење ќе има и тркачи.

И башка на цела ситуација, пак се јадиме меѓу себе. Читајќи ги статусите на социјалните мрежи после промена на извесни лагодни ситуации (оти пред то, па баш мед и млеко ни течеше) ,најјак е моментО, кога откако по кажаниот статус и мислење, некој долу нешО ќе искоментира моментално контра, а и да не искоментира контра, овај одоздола ќе речи:„Јас не знам кој спомна таква работа… Господине / госпоѓо ги мешате поимите… Ај таму седете си… “ и бла бла…оп ете ти кавга ин д Билдинг.

Цело време нешто не чини.

„Некој прди. Некој цело време прди.
БЕЖАНИЈА
Сакаш јагоди?
ИНКАСАТОРОТ
Нешто смрди.
БЕЖАНИЈА
Ништо не смрди.
ИНКАСАТОРОТ
Како бе, не? Од каде јагоди?
БЕЖАНИЈА
Има.
ИНКАСАТОРОТ
Нема време.
БЕЖАНИЈА
Само време има. Моето време стои, ако тебе те нема. Давам цел век, за само еден момент. Не е доцна. Немој никаде да одиш. Немој никаде да стигнеш. Остани со мене. Дај ми рака. Слушни како ми чука срцево. Погледни ме. Кажи нешто смешно. Ајде да се смееме. Како будали. Ако било лошо, ќе биде подобро. Ќе си кажеме нешто. Ајде да имаме тајна. Кажи ми тајна.“-МАМЕ МУ ЕБАМ КОЈ ПРВ ПОЧНА – Дејан Дуковски

GOLD
To Top