Новости

Битолски трачарлуци

Не бегаат младите, избега државата до трето колено!

Испративме уште едни куфери. Ги поздравивме со стандардното:,,Ако не ве бендиса, тука не ви бега!” Закопавме уште едни спомени. Уште една младост и деној поминати во лудории со откачени луѓе, близина и во лошо и арно. Збогум и:,,Абе аман ене кај е Германија…Америка…Австралија…” му рековме на еден живот. А знаеме дека не е така. Знаеме оти нит ќе одиме, нит ќе се вратат. Ги скривме солзите и ги пикнавме в џеб. Никој да не ги види. За ни ним, ни нас да не ни е тешко. А тешко ни е. Не боли до балчак.

Испративме уште едни другари. Уште едни пријатели. Уште едно друштво со кое заедно сме растеле, сме се надевале и во нашите фантазии тогаш некогаш сме биле амбициозни, бизнисмени, адвокати, актери..сме имале на ум да отвориме приватни градинки, хотели, ресторани, болници…Кај нас. Тука. Во оваа не толку тогаш чудесна ни земја. Испративме уште едни куфери и им рековме:,,Абе аман… и не е толку страшно денес со современата технологија. Ќе се слушаме секој ден.”

А страшно е и не е исто. Не исто да ги гледаш децата на твоите најблиски на камера на вибер и да им ги слушаш првите зборчиња низ виртуелниот свет. Да наздравуваш со вино и кутија цигари дури си прајте муабет некаде после полноќ, оти нема кога да се слушните. Страшно е и боли. Испративме уште едни ентузијасти, добри луѓе, паметни и несебични…Љубезни, отворени и скромни. Амбициозни и симпатични ,,будали” кои си ја трошеле силата во земја што ништо не им понуди. Едноставно не ги виде. Не не гледа. Не не користи со стимул, ами не инаети и не брка.

Спаковавме уште едно минато кое требаше да ни биде иднина, а нам ни останува само да ги гледаме празните дуќани кои пет-шест години се издаваат, ама нема кој да ги купи. Нема ни кој да купува од нив, ако ги купат. Ни останува да пиеме кафе во фреквентно инстант новите кафичи и да се радваме на казината и кладилниците. Е денес нема да седниме на таа маса истата, ами на другата на неа колку да го ,,смениме” баш истиот видик.

Нам ни остана да си го прајме филмот оти ќе ја биди работата еден ден. Барем за децата наши за кои се молиме да има надеж тука, а не да купуваме нови куфери. Испративме…Се збогувавме…

Не бегаат младите..ни избега државата до трето колено Љуѓе!

П.С. Изглеа само јас и баба ми ќе останиме тука. И не берете гајле. Се договоривме. На бегање, еден ќе ја изгасни струјата, а другиои ќе пушти вода.
Посветено на сите мои пријатели кои заминаа во една повесела надежна иднина! Насекаде низ светот! Насекаде, само не тука! Miss u all!

GOLD
To Top