Новости

Битолски трачарлуци

Не дај Боже за на доктор да дој чоек!

Дека има проблем со системО, кажавНе. Ко ќе во едно „живеалиште“ се осеќаш до толку „сигурно“ шо катаден се молиш да не стигни работата до на болница и да не дај Боже нешо да треба да чукниш на врата кај некој доктор, па да го прашаш нешто поврзано со твоето здравје.

„Стручниот“ шо бај д веј то му е работа, надмено ќе ти се испонаша и од прва ќе те изопули така неубо ко најголем душман да му си. Никаква дијагноза нема да ти дај и место за не дај Боже некои конкретни апој, ќе ти дај витаминчина од ѓаол и пол кркачи. Шо и да се дешава, прво и најпрво цигарите ќе ти нареди да ги откажиш (како да е нешто тбу) и така начитаниО после ќе го избегава муабетО гледајќи во сатО оти сака дома да си оди и оти ексик му е работата и оти ич не бил платен, а доктор е е еј! И така фино лепо цела та фрустрација можи да премини во кавга, која ќе ескалира надвор со Љугенцата шо чекат на т.н „мој термин шо уствари е измислена работа у системицу која е создадена само и само да напрај уше поголем хаос во т.н. здравство шо го имаме или баш и … го немаме!

Многу комлекси и фрустрации. Се е на арамилук фрлено, на кавги, на опет и опет „Да му умри козата на комшијата“! Никој не му е крив на дотичниО шо неговата професија не е платена. Сепак професија е, ја работи и кодексот е тој. А ако до толку не ја бива работа и не ви штима, па фино лепо се оди в куферниџалница бе Љуѓе и се палат патиките.

…Ок, сепак, збораме за тој шо сеуште го нема напраено то!

GOLD
To Top