Новости

Битолски трачарлуци

Не дека е наше, ама најарно е!

Многу учени луѓе на сите страни. Сите знаат да ти кажат, да те посочат, да те научат. Елоквентни, дотерани, капацитети. „Не дека наше е, ама најарно е. Заврши факултет со сите десетки. СтипендИ земаше, капацитет дете!“ И фала Богу полојна од муабето не е вистина.

Ќе речиш оти? Си живејме во една таква околина, кај шо си рабти парата, не ксметО. Оти и да го немаш него, штом имаш чакат во ЏебО, имаш и среќа. А пошо нели, се си работи врз база на мито и корупција и со тие основни девизи веќе години си тераме, работата е решена, факултетот е завршен, „капацитетО“ е испрен на еден пат и да не му ја думаме.

Значи во основа проблемО си има корени од многу одамна. Уште од детството, во школската возраст. Толку обемни материјали, трупање со небитни информации. Таа силна потреба сите да бидат доктори на науки, физичари, хемичари, лектори и писатели, му ја крена во вис самодовербата на нас децата тогаш и сега „цврц“ ни прај животО. „Го знајш вицо за џабе дојде?“ Што во превод би значело, за џабе порасна и старееш. Уствари чекај пензија, можи ќе имаш некои бенефит… за скијање на пример.

… И така сите знаат се. За се се кадарни и знаат да дадат инструкција за што и да е. Ќе ти го решат секој проблем, ќе ти ја разрешат секоја мистерија. Ти ич да не бериш гајле.

GOLD
To Top