Новости

Битолски трачарлуци

Не ни требат доктори, си ја знаЈме дијагнозата!

Се си знаеме, се си умееме. Не си прав Македонец ако не те бива за се. Ако не клајш сол во манџата колку и да ти е се непознато.

Нас не бива буквално за се. Мајстори сме во кујната, знаеме да ја поправиме чешмата, шпоретот, електричари сме, менуваме сијалици, се разбираме од уметност, политика, феминизам, шовинизам, филозофија, математика, медицина. Мултитаскинг бате!

Сите си имаме алатчиња низ дома и ништо кај нас не е чудно ако жена ти побара штрафцигер оти му треба за да го попрај шпоретО. Силни сме и не се задржваме на само еден талент. Ако знаЈме да пеЈме, сигурно знаеме и да свириме, а зошто па да не знаЈме да бидиме доктори? Сите имаме кутивче со апој за не дај Боже и не ни треба доктор за да ни ја кажи дијагнозата. (Освен онаа најважната оти не ни штима умО.) Доктори си сме на самите себе си. Али така не научија. Никој не ни ја кажува вистината.

Штом станува збор за здравје на пример, од доктор до доктор различно било. А како то?! И од ко видовме како стојат работите..оти џабе му се тие тефтерите, книгите и годините поминати на сколија, свативме оти полојна лекари со виски поминале кај даскалите. Епа нас без виски, ни работи кликерО. Даваме опасни совети и поентата или крајната цел во еден муабет, било каков, за било која област, е умО шашрма да му го напрајш на соговорникО за на крај да му речиш:,,Прај си по твое никој да не слушаш!”

И од тука…сите џабе џафкаме, џабе се контриме…Ни го свират нивното, ама ние.. Ние пак си го тераме нашето! Тешка е нашата дијагноза!

GOLD
To Top