Новости

Битолски трачарлуци

Никој не одговара за туѓите постапки!

Нема поглупо да се најдиш во ситуација кај шо те фаќа незгодно од муабетО или постапките на другиот. Со него/неа си дошол, ти му си репрезент него, а аутоматски и тој ти е тебе. Тој те претставува тебе. Имаш чувство дека цела ситуација ти бега од контрола, тој се губи, треска зелени, те срами, кажва и то шо треба и то шо не треба на маса, пред луѓе пред кои си се трудел да изградиш некое одредено реноме и наеднаш дотичаната и не баш толку драга особа, ќе ти се исплука врз се.

Е баш и не ваља пријателе! Како цела кула од карти да ја дувнал некој во секунда и сите се растурват околу тебе, само шо овие повеќе тежат и не станва збор баш за карти ами за тули и цигли. До кога? До кога ќе се грижиме за туѓото мислење, внимание, расположение, однесување! Дали тоа треба до толку да ни е важно и дали треба да не отсликува нас или можда секој си одоговара за своите постапки?!

Изгледа дека е редно да се научи како да се исклучва „паник тастеро“ во тие дадени непријатни моменти, каде непосакуван „репрезент“ си дозволваш да те нервира. Изгледа оти треба да престаниме да се секираме за другите и да престаниме да мислиме оти другите имат уопште некаква фигура, стас и став за да воопшто и си дозволат да не презентираат нас. Секој си одговара за себе си.

…И ете баш е полесно! Лакше се дише без толку товар! Можеше и со вас, но и тоа како може и без вас!

GOLD
To Top