Новости

Битолски трачарлуци

Ни срам ни перде!

Еден куп прашања, еден куп непристојни и злобни и дрски муабети од типот: „Але шо прајш ти? До кога ќе чекаш? Не гледаш сите другарки ти се мажија!“ Или ќе се најди некое забле и ќе ти измрмори:„Ај мор коа ќе раѓаш? Доста ви е чекање! “ Или пак за да биди уште подрско, то заблето ќе биди твое секојдневие и ќе те прашва секој месец дали ти е циклусот ко шо треба.

Битна е евиденцијата. Многу јака работа е да се занимаваш со туѓи животи. Да му водиш сметка кој кога ќе се жени/мажи, дали воопшто ќе влези во брачните води, како стој со швалерајот од друга страна и фала богу у склоп на тоа, битен е заклучокот оти многу му летнала чавката, шо го најде шо арен чоек беше. Оти сите се знат за сите. Нема срам, нема перде. Нема осет оти можда некој некого ќе повреди со извесна констатација, прашање, муабет.

И баш тие дотичните, шо форсираат за било шо, сигурно се крајно несреќни во нивната заедница, се каат за многу работи, али оти да си пулат манџата, ко можат да брцнат тро кај другите. А ти, да искоментираш за нивната очајна ситуација, да искритикуваш некој дел од нивниот живот, да дадеш одреден совет или забелешка, не смееш ни да помислиш па камоли да се изјасниш.

Такви си сме и таква ни е кројката, кој се вклопи се вклопи, кој не, кај и да е…тука е!

Евротип
SNBROKER
To Top