Новости

Битолски трачарлуци

Ни фали и тоа како! Само што ни фали?!

Порано едвај се чекаше да дој Велигден за да се искршиш со јајцата, да остајш ѓубре од лушпи на сите страни и да се знај оти дете тука поминало и ќеф напрајло. Порано на ден Велигден не можевме баш да се разминиме на Корзо. Црквите беа полни ноќта и некое посебно пријатно чувство на благосостојба од илјадницитд свеќи запалени во исто време пред полноќ сме имале. Сме верувале. Заедно, сплотени. Сега црквите беа некако испразнети, имаше луѓе ама не тука! На корзо се одеше релаксирано и верувавме, ама во партии и избори. Зар уште? Зар остана нешто? Многу јако шо забораја сите оти Велигден е за дома, да се видиш со фамилијата, да се гушниш. Наместо тоа блокирани беа патиштата особено границите со Јужниот сосед, а на инстаграм Лозано беше постиран и ечеше на цел глас во кола дури возеа, па думаја колку им фалело да се дома! Порано едвај сме чекале Велигден за да приготвиме јагнешко, да јадиме чорба, топли ќифлички, јајца и млад кромид. Сега се тера на бутки и се зема некој брз хамбургер па се замезва набрзина оти стварно се брзаме и неаме време. За каде и сами не знаеме. Или пак се пие некој смути и се комбинираат некои луксузни кинески салати и глупости со три капки кечап и сето тоа пука на стори на инста за да се испофалат. Се фалат и тие јагне шо јадат и тие шо се собрале по дома па напишале оти семеството е најважно, иако времетраењето на праење на една совршена фотка е далеку поголемо од времето поминато во муабет со интерните членови. Се тоа мора и аутфутот да се погоди, па честото одење во тоалет не е од прекумерното конзумирање течности туку проверка на стајлингот и селфи пред шољата. Само за едно во право е чичкото со моменталниот хит кој будел носталгија. Ни фали ни фали.. И тоа како! Само што ни фали?!…

GOLD
To Top