Новости

Битолски трачарлуци

Од се си се разбираме!

Напати идиш во ситуација во друштво до толку да збесниш и да се испонашаш онака кочијашки и безвезно, али се тоа е провокација ваљда. Зошто таа уопште да постои и зошто луѓето си барат упорно кавга? Пули си манџата, ќе си пулам мојата и готово. Али изглеа послабо капират и оние најупорните обично и ја добиваат кавгата. А шо му се дешава во организмо, какви исфрустрирани пеперутки му летат низ желудец Госпо знај.

Мислам, хелоу! Оти бе? Зошто циркуз и зошто да не можи се да си функционира нормално, лабаво и смирено?! Али ок, знајме. Оти да е едноставно, ко можи да е сложено. И онака од мирна и спокојна тишина, ти клават сол врз твојата манџа и ти попуват за животот, за твојот живот. За стилот, за биоритмот твој ти расправат, за студиите, за фамилијата, за финансиското и прашањето во врска со работата за која тврдат оти ти чини само ти си прајш филм оти не е така. Или пак, ако не си вработен, те осудват оти недоволно се трудиш и не бараш, а имало на претек или еден мал милион работи за кои се тие знаат да кажат и пренесат. Или ти лупетат за цигарите, како се предозираш со тутн. И тоа ти го кажва некоја псајхо мамица со цигарата в уста и кило пудра на сурат изнашлакана.

Никој не е компетентен и очигледно, ко шо еден пријател рече, гледај ги шо прат, а не шо зборат. Оти ваљда сите знат да кажат! Нарочито дали има сол во твојата манџа!

GOLD
To Top