Новости

Битолски трачарлуци

Осмимартовски циркус!

Уствари ко ќе размислиш, Осми Март ти е празник кај шо жената се става подолу од мажО потенцирајќи оти има само еден ден свој! М? Шознам дали би бил тој некој феминистички став или ова се зборој предизвикани од фразата:,,Само на Балкану!”


Пусти жени имат еден ден да се напрат важни, да се истакнат и фала Богу, нашиве ќе напрат циркуз!

 

Совршениот мејкап за кој ќе дат ѓаол и пол чакати и специјалниО фриз шо ќе го носат за денО, ќе биди прегледан и Јако искритикуван од најголемите ,,светски” сезнајковци на планетата земја, од жените на Балкану! Истиот ќе биди прераскажан на оние шо за жал ќе бидат спречени да присуствуваат на овој маскембал, на комшите, на мажите, на кафеџиите, колегите и роднините од тука, а и од странсвО. Зато женишча најпрво, со ум шо ќе носите, да пазите на КулаКопките да не ви се дрцнат или да не ви паднат клепките и косите!

Кои се тие жени?

Најчесто во оваа категорија би спаѓале следниве типови: жени пуштени од синџири кои имаат еден единствен датум да си ја дупнат глата, да се дотерат и да се понашат ко мажи, али потајно или очигледно се надеваат оти ќе начекат стриптизер ( па макар и некое феминизирано разголено маже), да се дотерат и да се понашат ко мажи.
Очајни домачици кај шо МажО е глАта у кучи и сус седат 363 – 364 дена дома.


Мамички кои едвај чекат да се куртулат од децата и да олабат од обавези.


Сеирџивки!


Баби пред пензија кои задолжително ги слекват чЕлите, смрдат на ноЗе и такви подбосени ќе си оТ дома изигравајќи жртви пред сопругО!

Жени кои за жал немОТ да присуствуват оти мажите му се толку љубоморни и не ги пуштат подалеку од праго.


Жени опуштени кои на празникот гледат само како плус повод за да ескивират од дома, кои константно си излегват, па фала Богу мора и сега! Овие се жени стратеџивки!


Женчиња кои ќе се пукнат од сликање цела ноќ дури не излезат феноменално, па и покрај клепките, косите, вСтаните и шминките, ќе морат да употребат филтри за да изгледаат сензационално у провод!


Жени кои овој пат се зафркнати од туристичките агенСии и не мот ко луЃе да исклучат во Истамбул или Венеција!


Лично, не ме аресва празникО. Не за друго, ами оти се претвора во циркус, се прат кашапопара ѓаолите на сите женчиња во глата и создават некои нови суштества кои токму оваа вечер излегуваат надвор, заборавајќи на маската што до сега ги претставувала како вистински дами!

Али како и да е, среќен 8ми Март женишта, али појќе поштовајте се оти не е само еден ден!

GOLD
To Top