Новости

Битолски трачарлуци

Патетични и драматични, секој во свој филм!

А да се прескокнеше таа цела драматичност и патетичност и тој тежок глуп досаден момент ко од турска серија и да не влегваваме толку во филмој?! М?! Тупи и чат пат смотани. Неелоквентни, необразовани, абре..ненаштимани.

Разотидени и испозаминати и кинисани кузнеј каде со гостите во глата. Сите во свој филм. Со некоја своја идеја за истиот свет и истата реалност. Ист ден. Ист сат. Исто место и време. Ама едната во Париз е, а другата во Австралија. Филмој пак на социјалните мрежи на велико. Па и со овие сторито сега. Веќе се избудалеа од фалејнци. Кој кај јадел, шо јадел… ефекти од софрата..местото. воздухО… Колку таму бил чист и убо ни е шубо ни е, а вие долу цркнете! Па стори од Валентајн со мечињата, зајчињата, цвеќињата, лигаењата и прстењата. Кој верва во то бе! Мислам шо муабет! Шо филм тепате?!! Кизнеј како ја сваќате љубовта и до кој степен на драматични патетики отровни и ниски ви оди то мозочето?! Па и овие другите со лозјата и ножиците. Мајкоо!

„Долина на волците“ битно пак е најгледана серија! Форумите ,,мамички” најактуелизирани, политиката кашапопара, вестите изгорени за да умри некој па да имат материјал за црна хроника оти то најгледано е и најпопуларни тогаш се! На жалост!

Добро бре до кај ојдовме?! Кизнеј кај заминавме?! Се испревртивме… Секој во свој патетикус филм. Долина на волците! На ваше барање! Ах…Патетики! Чисти патетики! Нема муабет појќе!

GOLD
To Top