Новости

Битолски трачарлуци

Пијаници или боеми?

Ради пијаниците, боемите патат и полека се забораваат. Според нас, боемот никогаш нема да си дозволи да ја претера со алкохолот, а и да ја претера, па и после пет бокали црно вино, боемот никогаш не се однесува ко гОЕдо. Боемот прима онолку количество на алкохол колку да ги задоволи и пробуди неговите емоции. Боемот е градски чоек, културен, образован и елоквентен. Тој е уметник самиот по себе и во себе. Тој секогаш мириса убаво и се однесува пристојно. И да носи стари алишта од турско, секогаш е испеглан и чист. Знај да мези, а не да се прејади ко стока. Со келнерот е дури другар, а со музикантите никогаш не се однесува како бараба кон дворски шутој. За него песната има душа, буди спомени и создава нови приказни. Тој никогаш нема да си дозволи да се избриши со чаршафО после софрата и не прај селфи само за да е виден. Боемот е тивок и ужива само за себе. Тој не го слика јадењето и не се чекира за да знат Љуѓето во која меана е. Тој никогаш не посетува биртии и не е излезен секој ден. Можеби секој втор. Понекогаш и секој ден.. Боемот има изградено култ кон меаната и никогаш не вели:,,Шо пие цела кафана!” ами него ќе го почастат оти влегува со спремни наоружани теми за политика, уметност, музика. Сшремен е и во филозофија и да удри јако по некој шо му го гиба потеклото. Боемот знае кој е и од кае, ама тој води дискусија, а не се расправа. Умерен и не е дрзок. Никогаш не дозволува алкохолот да ја премине границата и да се случи некоја несреќна ,,глупава и ниска” тепачка. Боемот не паѓа на провокации и не се лигави покажувајќи го своето его и тапкање по градите. Тој нема да ти усклучи во гужвата и да ти речи:,,Шо се туркаш бе море”, ами ќе се извини културно. Битолскиот боем ужива во конзулскиот град, отворен е за пријателски средби и создава нови. За жените има истанчен вкус и кон нив секогаш се однесува како вистински културен џентлмен подарувајќи им цвеќе, а не му Врла виска морЕ! Тој не се фали со тО колку мени стуткал в кревет, а стуткал. Тој не се заљубва лесно, ама некоја можи да го сакати засекогаш. Боемот повеќе не постои и се меша со овие денешниве пијаничиња кои не знаат како да уживаат, немаат песна на која би уживале во пијачката и јадачката… Боемот едноставно знаеше како! Со манири и тивко… Како од некоја приказна!

GOLD
To Top